Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Муцунски за уставните измени: Решение ќе се бара во рамки на државните принципи

Дипломатските контакти за уставните измени продолжуваат, паралелно со пораките од Брисел за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дипломатските контакти за уставните измени продолжуваат, паралелно со пораките од Брисел за потреба од напредок. Од Владата посочуваат дека комуникацијата е активна и се води во рамки на државните принципи.

Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски посочува дека Владата е во редовен контакт со европските партнери и дека се работи на изнаоѓање решение со соседна Бугарија. Муцунски предупреди дека во Бугарија е во тек изборен процес и дека Македонија нема интерес да стане дел од предизборната реторика таму. Според него, секој обид за вовлекување на земјата во внатрешно-политички пресметки во Софија не е во духот на европските вредности, а такви тенденции, како што рече, се чувствуваат и од одредени домашни политички фактори.

„Дали имаме конкретна комуникација со ЕУ по ова прашање – да имаме. Пред неколку дена видовте во Минхен средба на премиерот Мицкоски каде го придружував и јас со претседателот на Европскиот Совет, Кошта, секако една од темите за кои дискутиравме е процесот на потенцијално изнаоѓање решение со соседна Бугарија и тоа е нешто на кое ние ќе работиме, но во рамките на принципите кои се јасни на сите нас и прилично јавно ги имаме поставено.“ – вели Муцунски.

Реклама

Владата останува на своите позиции – уставните измени се прифатливи со одложено дејство — односно внесување на Бугарите во Уставот по затворањето на кластерите, со цел да се избегнат идни блокади, како и меѓународната заедница да ја охрабри Бугарија да ги примени препораките на Европскиот суд за човекови права, за кои Владата посочува дека се однесуваат на правата на Македонците во Бугарија.

Во меѓувреме, нацрт-извештајот за напредокот на земјата, што идната недела европратеникот Томас Вајц ќе го презентира пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, нотира дека засега нема напредок во делот на уставните измени.

Во документот се посочува дека застојот е поврзан со загриженоста од можни дополнителни билатерални прашања со Бугарија. Вајц оценува дека е потребно зголемување на политичката волја од двете страни за да се надмине ситуацијата.

Мораме целосно да ја поддржиме земјата, вклучително и преку активен дипломатски ангажман за да ѝ помогнеме на Северна Македонија да напредува во исполнувањето на сопствените обврски и да ги надмине постојните пречки. Што се однесува до оваа институција, како и во претходниот извештајен период, останувам посветен на поттикнување стабилно, конструктивно, проевропско, продемократско и про-проширувачко мнозинство во поддршка на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ. Очекувам да ја обезбедам поддршката на сите пратеници кои ја споделуваат оваа стратешка цел, смета Вајц.“

Ова ќе биде втор извештај на Вајц за земјата. Првиот извештај беше усвоен лани летото .По гласањето тогаш, Вајц оцени дека земјата покажала силна посветеност на европските вредности, но дека процесот на пристапување подолго време се соочува со предизвици поврзани со билатерални прашања.