Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Психо-едукативна работилница за наставен кадар во Карпош

Во просториите на Општина Карпош денеска се одржа првата психо-едукативна работилница, наменета…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Општина Карпош денеска се одржа првата психо-едукативна работилница, наменета за наставници и стручни соработници од општинските основни училишта. Иницијативата беше на д-р Камелија Симеонова, специјалист по детска и адолесцентна психијатрија, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

– Централна тема на работната сесија беше стручната и применлива интерактивна едукација, насочена кон психолошката стабилност на наставниот кадар. Во рамки на презентацијата, акцентот беше насочен кон прашањето за психолошкиот товар што го носат наставниците, а дискусијата заврши со кратка размена на меѓусебни искуства од наставната пракса. Следуваше осврт на саморегулацијата кај наставниците, додека пак, учесниците на оваа работилница беа запознаени и со практичните техники за смирување во определени ситуации, информираа од Општина Карпош.

Во текот на работилницата се разговарало за детектирањето на ризичните состојби кај децата, при што се потенцирала улогата на наставникот како прв препознавач во емоционалните и психосоматските индикатори кај учениците и адолесцентите.

Реклама

– Дополнително беше нагласена и важноста од постојана соработка со стручни лица и инстуционалното постапување, како и советодавната улога на здравствениот систем што ќе се применува во моделите на образованието во Карпош, истакнаа од Општината.

Оттаму најавија дека ваквите работилници за основните училишта ќе продолжат и во наредниот период.

– Со ваквиот пристап, Општина Карпош овозможува континуирана поддршка за наставниците и стручните соработници, што е особено значајна за јакнење на психолошката стабилност и градење училишна средина исполнета со доверба, грижа и разбирање, потенцираа од локалната самоуправа.