Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Омаж: Георги Сталев Поповски беше визионер во науката и темелник на научното проучување на литературaта во Македонија

Георги Сталев Поповски остави белег во сите области на книжевноста – во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Георги Сталев Поповски остави белег во сите области на книжевноста – во прозата, поезијата и книжевната критика. Ние сме должни што побргу да се зафатиме со подлабоко проучување на неговото дело, а Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) да организираат симпозиум на кој достојно ќе бидат проследени неговите заложби во литературата – беше истакато денеска на омажот во чест на проф. д-р Георги Сталев Поповски. 

Деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, проф. д-р Владимир Мартиновски, истакна дека Сталев Поповски беше исклучителна творечка личност, педагог, научен работник, книжевен критичар, писател, преведувач, препејувач, најголем експерт за македонскиот стих.

– Тој беше многу активен и во општествениот и во културниот живот. Георги Сталев Поповски ќе остане забележан во нашата колетивна меморија бидејќи токму во формативните години сме ги читале делата што имаат формативна, стожерна вредност во читателското иксуство, нашите клучни лектири. Како читатели пораснавме благодарение на заложбите, препејувачки, креативни и творечки на Георги Сталев и затоа вечно сум му благодарен – рече Мартиновски.

Реклама

Проф. д-р Зоран Анчевски, како претставник од Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), рече дека покрај тоа што Георги Сталев бил значаен во академската средина како професор, научник и истражувач, оставил длабока трага и во македонската литература. Тој имал значајна улога во работата на ДПМ и во продлабочување на активностите на ова друштво. 

– Како автор зад себе тој остави пет прозни дела, романи. Остави пет стихозбирки, од кои три-четири пишувани во стих, што поезија, што поеми. Сметам дека и до денес не се доволно проучени од страна на науката и дека крајно време е да се посвети поголемо внимание на неговото творештво како прозаист, како поет и особено во неговиот однос кон долгата песна или поемата – рече Анчевски. Додаде дека тој оставил огромен белег и со своето творештво и со своите критички и есеистички заложби.

Проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева од Институтот за македонска литература – Скопје потенцира дека Георги Сталев Поповски како министер за образование ја препознал иницијативата што се повела во академската средина и што траела доста долго за систематско проучување на македонската литература. 

– Во далечната 1979 година како министер ја поведе оваа иницијатива и заедно со другите колеги од Факултетот го формираа Институтот за македонска литература. Знаеше дека без институција, нема систематско проучување на литературата, а без систематско проучување на литературата, нема културна меморија – потенцира Георгиевска-Јаковлева. 

Тој беше визионер во науката и темелник на научното проучување на литератуарта во Македонија, што, како што рече, е многу значајно и ретко се потенцира.

Писателот и професор од Катедрата за македонска книжевност и култура, Венко Андоновски, рече дека ќе го помни Георги Сталев Поповски по многу нешта.

– Најмногу ќе го помнам по тоа што сфатив дека онака како што Конески ја направи Граматиката на македонскиот јазик, така тој ја направи граматиката на македонскиот поетски јазик затоа што и поезијата си има своја граматика. Со својата книга „Македонскиот верс“ и со својата опсесија од класичниот стих, кој, за жал, ние го немаме во нашата македонска книжевна еволуција, тој надомести цели епохи. Јас затоа со себе ја понесов „Божествената комедија“ на Данте Алигиери, знаете колку замени во македонската државност и колку влијаеше во развојот на македонската поема со своите препеви. Ќе го помнам и по извонредно скромниот однос и строгоста кон учениците, во смисла на праведност. Ако се знае, се знае – рече Андоновски.

Раководителот на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, проф. д-р Трајче Стамески, се осврна на животот, творештвото и дејноста на Георги Сталев Поповски. Потсети на неговиот книжевен и научен придонес, како и на улогата што ја имаше во развојот на академската средина на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска книжевност и култура. 

– Долгогодишен професор, писател, книжевен критичар, историчар, преведувач, препејувач, чиј опус зазема значајно место во современата македонска литература и култура – потенцира Стамески.

Со едноминутно молчење присутните му оддадоа почит на проф. д-р Георги Сталев Поповски.

Омажот го организираа Институтот за македонска литература (ИМЛ), ДПМ и Македонскиот ПЕН-центар, а се одржа на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.