Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Општата болница во Дебар работи на создавање услови за превентивни стоматолошки услуги за деца

Во општата болница со проширена дејност во Дебар се преземаат активности да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во општата болница со проширена дејност во Дебар се преземаат активности да се создадат соодветни услови за обезбедување превентивни стоматолошки услуги за деца до 14 – годишна возраст, информираше денеска Мерсим Колеци, директор на дебарската болница.

Колеци вели дека во присуство на Сокол Довољани, како претставник на донаторот, Рефик Косоврасти, наш иселеник во САД,  извршена е уплата за набавка на стоматолошки стол, стерилизатор и компресор, наменети за потребите на службата за детска и превентивна стоматологија во болницата во Дебар.

– Во наредниот период болницата во Дебар ќе изврши реконструкција и подготовка на просториите на службата за поставување на новата медицинска опрема, со цел да се создадат соодветни услови за обезбедување превентивни стоматолошки услуги за деца до 14-годишна возраст, најави директорот Колеци. 

Реклама

Во дебарската болница во тек се активности и за реконструкција на просторите на Брзата помош.