Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

„Диви“ каменоломи ја загрозуваат Струга, 20.000 домаќинства остануваат без питка вода.

Ниту еден од каменоломите кои се наоѓаат во пошироката околина на Шум…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту еден од каменоломите кои се наоѓаат во пошироката околина на Шум нема важечка дозвола за работа и не поседува соодветна лиценца за вршење на дејност. Концесиите за експлоатација на суровини им биле одземени лани, потврдуваат од Министерството за енергетика. Прашањето за легалноста на каменоломите стана актуелно по енормното загадување на водата од градскиот водовод во Струга и матноста на изворите во Шум, кои снабдуваат со вода популација од 20.000 домаќинства.

Министерство за енергетика: „Во пошироката околина на селото Шум во минатото имало повеќе концесионери за експлоатација на минерални суровини. За концесиите што се наоѓаат најблиску до селото, во изминатиот период е спроведена соодветна постапка и истите се одземени, поради што тие субјекти во моментов немаат право на работа. Министерството редовно врши надзор и контрола во рамки на своите надлежности.“

Од Центарот за јавно здравје отворено изразија сомнеж дека причината за загадување на водата лежи токму во каменоломот кој се наоѓа на околу 400 метри од изворите во Шум. Добро упатени велат дека од каменоломот, кој е длабок околу 20 метри, се врши ископ веќе четири години. Водата во Струшко веќе 11 дена е забранета за користење. Анализите покажаа дека во одреден период матноста на водата во болниците беше зголемена над 20 пати повеќе од дозволеното. Болниците се снабдуваат со вода благодарение на хуманоста на компании од градот.

Реклама

„Се внимава на секој дел од протоколите за антисептичка заштита и работење. Користиме превирена вода за првично третирање на инструменти, потоа се оди на стерилизација и на дезинфекција со дезинфекциони средства. Така да, за сега немаме проблем, во тек е превентивно земање на примероци од работни површини и инструменти од сите одделенија од болницата“, вели Владимир Бунчески, директор на Општа болница Струга.

Во четврток е закажана вонредна седница на Совет, а во меѓувреме струшкиот градоначалник ја примил оставката на претходниот директор, назначувајќи нов директор на јавното водоводно претпријатие. На барање на Ќура, Градежниот факултет ќе врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга.