Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Прилози

ССМ за утре најави нови блокади

По Собранието, синдикалците се селат пред Стопанската Комора на Македонија, каде ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По Собранието, синдикалците се селат пред Стопанската Комора на Македонија, каде ќе продолжат со притисокот за минимална плата 600 евра и заголемување на сите плати за по 6000 денари. По идентичен рецепт како пред Парламентот и таму ќе го блокираат сообраќајот. Блокадата на крстосниците ќе почне точно на пладне.

„Дваесет и еден од нас, од членовите на органите и телата на синдикатите, утре во дванаесет часот ќе бидеме пред Стопанската комора и го повикувам работниците кои можат, кои ќе поминуваат, да ни се придружат макар и на пет минути, затоа што другите не бројат и тие мислат дека овие блокади, кои се таргетирани и наменски, се со по дваесет и еден човек на улица, само за да им покажеме дека не ни се потребни оние дванаесет илјади луѓе да ги блокираат, кои излегоа на дваесет и осми јануари со нас“, изјави Слободан Трендафилов, Претседател на ССМ.

По коморите, од ССМ најавуваат блокада и пред Владата, а планираат и голем протест кој ќе го организирале во неработен ден. Нивниот притисок се зголемнува во пресрет на законското зголемување на минималната плата. Од март таа ќе се пресметува за околу 1700 денари повеќе.  

Реклама

Минималната плата во државава според законот изнесува 57% од просечно исплатената плата, што е подовар сооднос дури и од некои земји во Европската унија. Таа се пресметува по формула 50% од трошоците на живот и 50% од инфлацијата.