Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Средба на Ангелов со чешкиот амбасадор и со директорот на Генералниот директорат за противпожарна и спасувачка служба на Чешка

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска имаше средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска имаше средба со чешкиот амбасадор во државата, Јарослав Лудва, и со директорот на Генералниот директорат за противпожарна и спасувачка служба при Министерството за внатрешни работи на Република Чешка, Владимир Влчек, заедно со неколкучлена делегација, соопштија од ДЗС.

– Тема на разговор на средбата во ДЗС беше соработката на полето на заштита и спасувањето и процесите на трансформација на системот за управување со кризи и за чешките искуства во оваа област. Притоа Ангелов посочи дека Македонија е во фаза на темелна реформа, со цел обединување на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување во единствен, функционален и поефикасен систем. На средбата во ДЗС беа споделени искуства за едукација на пожарникари, а и стручни мислења за заштита и спасување, со можност за заедничко учество на планирани оперативни вежби – се наведува во соопштението.

Ангелов им се заблагодари на високите претставници на Чешка за поддршката на нашата држава во справување со кризни ситуации.

Реклама

– Не само со давањето опрема и технички средства, како, на пример, вчерашната донација на противпожарно возило „татра“ со капацитет oд 10 тони за пожарникарите од Кочани, туку и за директното помагање со чешки сили, со опрема и со техника при справување со огнените стихии, конкретно со противпожарното дејство на чешкиот хеликоптер „блек хок“ минатото лето, што беше успешно реализирано во содејство со противпожарни сили од нашата земја и од Словенија – се додава во соопштението.