Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Со новото законско решение до повисок квалитет на високо образование, најави Јаневска

Новото законско решение ќе доведе до повисок квалитет на високото образование. Со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новото законско решение ќе доведе до повисок квалитет на високото образование. Со него не се навлегува во автономијата на универзитетите, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска и додава дека наскоро ќе има јавни расправи на кои сите засегнати ќе можат да ги дадат своите забелешки.

– Во однос на коментари, тоа се релативно минорни забелешки. Но, како што реков, ние на секој универзитет ќе имаме јавна расправа, со почеток од следната недела, каде што академската заедница ќе може јавно да ги даде своите примедби или коментари или дискусии. Секако, ќе водиме сметка, сè што е издржано да биде вклопено во законот. Без оглед дали се млади или стари универзитетите, ние квалитетот на високото образование мора да го поткренеме и не може да постои дискриминација во однос на годините на постоење на универзитетот. Сите наставници и сите студенти треба да бидат рамноправни и да ги исполнуваат одредбите и условите предвидени за сите на целата територија, одговори министерката на новинарско прашање, при посета на основното општинско училиште „Невена Георгиева – Дуња“.

Таа нагласи дека автономијата на универзитетите со овој закон, никако не е чепната. Но, Јаневска подвлече дека универзитетите треба да се свесни и треба да бидат отчетни кон Владата за средствата што таа им ги дава.

Реклама

– Не се навлегува во автономијата, но, отсега натаму ќе се бара отчетност. Ние во овој момент бараме само да заживее отчетноста без никакво мешање во нивната академска слобода, додаде министерката за образование и наука.

Одговарајќи на друго прашање, Јаневска рече дека цело време откако е формирана оваа Влада, тие ги исполнуваат условите што студентите ги бараат – оние за кои се смета дека може да се исполнат и се оправдани.