Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

ЖКК „Патриот“ од Делчево ја победи екипата на „Спорт Тим“ од Неготино и обезбеди важна победа за опстанок

Во натпревар за опстанок во Првата женска кошаркарска лига, екипата на КК…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во натпревар за опстанок во Првата женска кошаркарска лига, екипата на КК „Патриот“ од Делчево го совлада „Спорт Тим“ од Неготино со убедливи 59:40. Натпреварот се одигра во спортската сала „Методи Митевски – Брицо“, а шести играч на теренот беше публиката која по подолго време се врати на трибините во голем број, пружајќи дополнителна енергија за домашните кошаркарки.

Американската кошаркарка на „Патриот“, Тимберлин Крисвел, изјави дека победата е резултат на позитивната енергија која ја добиле од публиката.

-Чувствуваме огромна енергија од публиката, тоа навистина ни помогна да го контролираме темпото на натпреварот. Сите ние дадовме максимум и се трудевме да се поддржуваме меѓусебно на теренот. Оваа победа е резултат на тимската работа, рече Крисвел.

Реклама

Тренерот на КК „Патриот“, Љупчо Петровски, додаде дека девојките одиграле одлично, со борбеност и посветеност кон натпреварот.

-Ова е уште една потврда дека нашиот тим расте со секој натпревар. Сега се фокусираме на следните предизвици и сакаме да продолжиме со вакви резултати, истакна Петровски.

Со оваа победа, делчевскиот тим обезбеди подобра кош-разлика за следните дуели и го зацврсти своето место во борбата за опстанок во лигата.