Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Општина Берово организира „Работнички спортски игри 2026“ во мал фудбал

Со цел унапредување на спортската култура, промоција на активен и здрав начин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел унапредување на спортската култура, промоција на активен и здрав начин на живот и зајакнување на меѓуинституционалната соработка, Општина Берово ги организира „Работничките спортски игри 2026“ во дисциплината мал фудбал.

Настанот ќе се реализира во периодот февруари – март 2026 година, а на турнирот ќе можат да учествуваат исклучиво лица кои се жители на Општините Берово и Пехчево.

-Првиот организациски состанок е закажан за 9 февруари (понеделник), со почеток во 14:00 часот, во Салата за Совет на Општина Берово. На состанокот, секоја заинтересирана екипа треба да биде претставена со по еден член, кој ќе се запознае со правилата и прописите за игрите, информираа од Општина Берово.

Реклама

Рокот за пријавување на екипите е до 16 февруари (понеделник), до 14:00 часот, а планираниот почеток на турнирот е 19 февруари (четврток), во зависност од временските услови.

-Пред извлекувањето на групите, сите пријавени екипи се должни да достават конечен список со 12 играчи, кој ќе важи до завршувањето на турнирот без можност за измени. Пријавите се поднесуваат во просториите на Општина Берово. За повеќе информации, контакт лица се: Новица Печински, тел. 078 568 818, и Зоран Нешкевски, тел. 071 626 649, додадоа од Општината.

За најуспешните учесници ќе бидат обезбедени пригодни награди од страна на Општина Берово.