Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ДЗР за СОЗР е во време на владата на СДСМ, Пеце Мирчевски и Венко потврдени криминалци

Пеце Мирчевски, ексдиректор на СОЗР, направил низа злоупотреби во СОЗР за време…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пеце Мирчевски, ексдиректор на СОЗР, направил низа злоупотреби во СОЗР за време на владеењето на СДСМ, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Пеце Мирчевски е синоним за начинот на владеење на функционерите од СДСМ, криминал, аздисаност и личен профит.

Секојдневно на површина излегуваат докази за криминалното владеење на СДСМ, Филипче и нивните партиски функционери.

Реклама

Државниот завод за ревизија извршил ревизија, при што утврдил дека се направени низа пропусти и злоупотреби за време на СДСМ и нивниот ексдиректор на СОЗР, Пеце Мирчевски.

Низа системски слабости од нефункционални финансиски контроли во бифеата преку проблематични вработувања до несоодветно управување со државниот имот, откриле државните ревизори во работењето на Службата за општи и заеднички работи за време на владеењето на СДСМ и Пеце Мирчевски.

Ексдиректорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, ја пренатрупал службата со партиски кадри, без соодветно образование и сертификати.

Во 2024 година биле исплатени 3.274 илјади денари за 21 привремено ангажирано лице, од кои некои извршувале редовни работни задачи, вклучително и раководни функции. Ревизорите укажуваат дека овие позиции законски бараат високи стручни квалификации и сертификати, а предупредуваат и дека големиот број привремени ангажмани, честата кадровска флуктуација и недоволното вложување во обука претставуваат ризик за континуитетот и квалитетот на услугите.

Мирчевски е синоним за недомаќинско работење, аздисаност и празнење на државните сметки.

Миречевски има низа пропусти и скандали зад себе. ЈО исто така имаше отворено предмет за поранешниот директор на СОЗР кадар на СДСМ, Пеце Мирчевски, кој добил автомобил од фирма добитник на тендери.

СДСМ е партија во која нејзините функционери додека биле на власт, наместо за државата и интересите на граѓаните, работеле исклучиво за личен профит и профит на блиски лица до врхушката на СДСМ.