Реклама

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Македонија

Куманово објави јавен повик за членство во локалното собрание за млади

Иницијативниот одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Куманово,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иницијативниот одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Куманово, денеска објави јавен повик за членство во Локалното собрание на млади. Како што информираа од општината Локалното собрание на млади е тело во кое по двајца членови можат да предложат младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други форми на младинско организирање и здружување.

– Јавниот повик е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други форми на младинско организирање и здружување, кои не мора да бидат регистрирани во Општина Куманово, но треба да имаат активности на подрачјето на Куманово, делегатите и замениците да се жители и да се на возраст од 15 до 29 години, информираа од општината.

Мандатот на членовите на Локалното собрание на млади трае две години со право на уште еден избор. За време на конститутивната седница, од редовите на Локалното собрание на млади се избира и изгласува тричлена Комисија, составена од членовите на Локалното собрание на млади, која е одговорна за следење на целокупниот процес на изборот на членови на Локалниот младински совет.

Реклама

Членовите на Локалното собрание на млади имаат задача да работат на спроведувањето на активностите на Собранието, да учествуваат во подготовка на документи, да изберат членови на Локалниот младински совет (ЛМС). Иницијативниот одбор ја спроведува постапката за избор на членови на Локалното собрание на млади на Општина Куманово, а работата на истото се координира и помага од страна на службеникот за млади во Општина Куманово.

Конкретните цели, задачи и начин на работа на членовите на Локалното собрание на млади се опишани и објаснети во прирачникот за Локални младински совети, донесен од страна на Агенцијата за млади и спорт.

На веб страницата на општината се објавени потребните документи за апликација. Повикот трае до 17 февруари, годинава.