Реклама

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Македонија

Филков: Дигитализацијата и човечките ресурси се клуч за ефикасно и независно судство

Зајакнувањето на ефикасноста и независноста на судството е еден од највисоките државни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зајакнувањето на ефикасноста и независноста на судството е еден од највисоките државни приоритети и предуслов за враќање на довербата на граѓаните во институциите – порача министерот за правда денеска на конференцијата „Јакнење на ефикасноста и независноста на судството во Македонија“.

– Ова е критичен и одлучувачки момент за правосудниот систем. Мораме јасно и објективно да ја согледаме состојбата затоа што само преку прецизна процена можеме да дојдеме до одржливи решенија – истакна Филков.

Тој нагласи дека состојбите во правосудството се темелно анализирани и документирани во релевантни домашни и меѓународни документи, меѓу кои развојната секторска стратегија за правосудство 2024 – 2028, реформската агенда 2024 – 2027, националната стратегија за спречување корупција и извештаите на Европската комисија.

Реклама

Посебен акцент беше ставен на патоказот за спроведување на стратегијата за човечки ресурси за судската мрежа.

– Ова не е само теоретски документ, туку практичен и применлив водич, кој нуди јасен и остварлив пат за справување со најитните предизвици во судството – нагласи министерот.

Министерството за правда, во рамките на своите законски надлежности, посочува тој, во текот на 2024 и 2025 година утврдило алармантни состојби во правосудството, кои директно кореспондираат со идентификуваните слабости во патоказот.

– Предложените мерки мора сериозно да се разгледаат и да се имплементираат доколку навистина сакаме резултати што ќе бидат мерливи, видливи и одржливи. Реформите мора да обезбедат пополнување на работните места, модернизација на инфраструктурата, зајакнување на институционалниот интегритет и зголемување на довербата на јавноста преку транспарентност и високи етички стандарди – порача министерот Филков.

Како еден од клучните столбови на реформите беше истакната дигитализацијата на правосудството.

– Инвестициите во интегрирани системи за управување со предмети и целосно дигитални судски досиеја не се иднина – тие се сегашност и реална потреба – рече министерот додавајќи дека дигиталните алатки ќе овозможат поефикасна распределба на ресурсите и подобар пристап до правдата.

Во делот на законодавните активности, министерот информира дека во изминатиот период се подготвени триесетина закони со кои се спроведуваат системски реформи во правосудството.

Законот за Судскиот совет веќе е донесен, а Законот за Јавното обвинителство набргу се очекува да влезе во собраниска процедура. Подготвени се и други закони како дел од целосното ресетирање на правосудниот систем.

– Наша обврска како Министерство за правда е да создадеме јасни и применливи закони, кои ќе бидат инструмент за правда и правичност. Реформите во судството и унапредувањето на законската рамка не се брзи процеси, кои се случуваат за еден ден. Тие не се лесни, но се неопходни. Продолжуваме посветено и заедно да работиме на системски решенија – потенцира Филков.