Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Муцунски: Во свет во кој непредвидливоста е новата реалност, диверзификацијата е клучот за економска отпорност

Во рамките на работната посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на работната посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово беше говорник на панел-дискусијата со наслов „Следниот логистички поредок: Што мора да се промени“, што се одржа во рамките на Светскиот самит за влади, соопштија од МНРиНТ.

– Во денешниот глобален политички пејзаж, единственото што е предвидливо е непредвидливоста. Тоа е реалност со која мора да се соочиме и да научиме да живееме – истакна Муцунски нагласувајќи дека, наместо да се реагира само кога ќе се појават предизвици, неопходно е да се гради долгорочна способност за адаптација.

Тој посочи дека од перспектива на владите диверзификацијата претставува клучна алатка за управување со ризици, што, како што истакна, подразбира да не се зависи исклучиво од една индустрија, една рута, еден пазар или еден центар.

Реклама

– Потребно е активно да ги прошируваме нашите опции и почесто да соработуваме меѓусебно, особено со пазари и индустрии, кои можеби досега не сме ги сметале за традиционални партнери – нагласи министерот.

Во обраќањето ја истакна и потребата владите да водат поинтензивен дијалог и да реагираат побрзо во услови на глобални предизвици имајќи предвид дека денешниот систем бара брза и ефикасна адаптација, која треба да се претвори во предност.

Осврнувајќи се на деловното окружување, Муцунски посочи дека во Европа често постојат тешкотии за водење бизнис поради регулаторниот пристап оценувајќи дека континентот се соочува со своевидна хиперинфлација на законодавството.

– Бизнисите бараат поедноставени процедури, ефикасност и брзина – истакна тој посочувајќи ги Обединетите Арапски Емирати како пример од кој може да се учи не само во користењето современи алатки, вклучително и вештачка интелигенција во административните процеси, туку и во креирањето приспособливо законодавство подготвено да го поддржи бизнисот. Притоа ја нагласи и важноста на партнерствата меѓу владите како механизам за создавање услови компаниите да бидат успешни.

Говорејќи за логистичката позиција на државата, министерот истакна дека Коридорот 8 се протега од Италија преку Јадранското и Јонското Море кон Албанија и Северна Македонија, а потоа од Бугарија до Црното Море, а Коридорот 10 претставува клучен трговски и инфраструктурен правец, што се движи од Унгарија преку Србија и Македонија до пристаништата Солун и Пиреја. – Специфично за нашата држава е тоа што сме единствената земја во регионот каде што се вкрстуваат коридорите 8 и 10“, посочи Муцунски.

Според него, неопходно е активно инвестирање во енергетската безбедност и во поврзаноста посочувајќи дека во моментот се гради интерконектор со Грција, кој ќе овозможи пристап до течниот природен гас што пристигнува во пристаништето Александруполис. Истовремено, во завршна фаза е подготовката за владина инвестиција во интерконектор со Србија, со цел гасот не само да пристигнува во земјата туку и да транзитира преку неа.

– Кога станува збор за поврзаноста – било да е енергетска, инфраструктурна или преку инвестиции во аеродромската и авиоинфраструктурата, односно отворањето нови линии – клучни се диверзификацијата и јасното разбирање на сопствената позиција во светот и на континентот, како и на потребите на пазарите. Владата има јасен пристап и уверени сме дека овие инвестиции ќе бидат од суштинско значење за долгорочната иднина на нашата држава – порача Муцунски во обраќањето.