Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Прилози

Договорена е средба: Предлогот на Мицкоски прифатен, премиерот седнува на маса со УПОЗ

Театар за јавноста или борба за работниците? Ова прашање се наметна откако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Театар за јавноста или борба за работниците? Ова прашање се наметна откако претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, објави фотографија на социјалните мрежи на која седи сам во сала за состаноци, а до која напиша дека никој од власта не дошол кај нив на договорена средба.

Во 9 часот во Сојузот на синдикатите на Македонија го чекавме претставникот на Владата да дојде и да потпишеме спогодба за утврдување на висината на минималната плата“, напиша Слободан Трендафилов на социјалните мрежи.

По ова Владата стигна, како што соопштија, остра реакција на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог.
 
„Не знаеме кого Трендафилов чекал, сместувајќи се во празна сала, но едно е кристално јасно, социјалниот дијалог за нас е сериозна и одговорна државна политика, а не средство за политички театар и парадерство пред камери“, се наведува, меѓу другото, во соопштението од Владата.

Реклама

Оттаму додаваат и дека за четврток попладне е закажана средба на претседателот на Владата со претставници на Синдикатот на УПОЗ на која ќе се разговара за сите прашања.

„Ова е конкретен доказ дека Владата не бега од дијалог, туку инсистира истиот да биде сериозен, суштински и насочен кон резултати… Владата останува цврсто посветена на конструктивен социјален дијалог, но нема да дозволи истиот да биде злоупотребуван за дневнополитички калкулации“, се наведува, меѓу другото, во соопштението од Владата.

Во меѓувреме Сојузот на синдикати останува и на другите барања – минималец од 600 евра и линеарен раст на сите останати плати од по 100 евра.

„Утре претседателството ќе заседава и ќе ги договриме следните чекори“, вели Слободан Трендафилов од ССМ.

Од Владата во повеќе наврати кажаа дека за нив е прифатливо се што ќе договорат синдикатите и работовачите преку дијалог во рамки на економско – социјалниот совет.

Минималната плата, секако согласно закон ќе се покачи во април, кога мартовската плата ќе биде исплатена за износ повисок од сегашниот за околу 1700 денари. Таа законски се рпесметува со формулата 50% од трошоци на живот и 50% од просечна плата. Истата не смее да биде подф 57% од просечоно исплатената плата.