Реклама
Македонија

Кавадаречките населби Голи Оток и Брушанско Маало без вода за пиење поради дефект

Голи Оток и Брушанско Маало се двете населби што денеска остануваат без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голи Оток и Брушанско Маало се двете населби што денеска остануваат без вода за пиење поради дефект, информираа доцна синоќа од Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци.

– Поради дефект на главна линија за дел од високата зона на градот, без вода за пиење ќе останат населбите Брушанско Маало и Голи Оток – соопштија од претпријатието.

Од претпријатието посочија дека прекинот во водоснабдувањето за двете населби ќе трае додека да се отстрани дефектот и да се нормализира снабдувањето со вода за пиење.

Реклама

Од „Комуналец“ побараа разбирање од жителите на овие две населби.