Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

Почна изградбата на новата сообрајќница кај хотелот „Лимак“, се очекува за 30% помал сообрајќаен метеж

Побрз проток на возила, помал метеж и побезбеден сообрајќај во центарот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Побрз проток на возила, помал метеж и побезбеден сообрајќај во центарот на Скопје. Ова се придобивките од новата сообрајаќница под хотелот Лимак, која почна да се гради денеска. Очекувањата на скопскиот градоначалник, се дека крајот на неговиот мандат Скопјани ќе возат по новата улица која ќе биде во должина од 2 километра. Активностите на градот за неговите обврски, кои предвидуваа два кружни тека, изградба на фекална и атмосферка канализација и целосно поврзување беа актуелеизирани со доаѓањето на новиот градоначалник, кој до 15 декември собираше понуди за изградба на првата фаза од сообрајќајницата.

Од денес почнуваме со првиот од 4 чекори кои ќе значат за најмалку 30% намалување на сообрајќајниот хаос во централното градско подрачје. Оваа фаза прва ќе треба да трае девесет дена, а од наредната недела ќе започнеме тендерска постапка за втората фаза која ќе подразбира нови два кружни текови и влез во подземната сообрајќајница. Веднаш по завршување на првата фаза ќе започнеме веднаш со реалазиција на втората фаза, рече скопскиот градоначалник.

Од низата проекти на кои активно се работи во градот, Ѓорѓиевски информира дека има застој во делот на сообрајќајницата од Аердодром до општина Гази Баба, преку мостот во близина на спотрската сала Јане Сандаски.  Во близина на Дојрана, каде што треба да поминува улицата која ќе го врзе Аеродром со тој дел од Гази баба, сосптвеник на објект барал повеќе пари од градот за продажба на имотот преку кој треба да поминува улицата.

Реклама

Таму имаме спор со еден објект од каде што едната страна од објектот веќе е завршена експропријацијата, но за другата сметам дека сопственикот малку има поголеми барања од тоа што би требало да биде исплатено. Имавме неколку средби, но после средбите побарав супер вештачење затоа што сакам, логички е секој денар од градот скопје да го штедам, изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот спомена дека до крајот на мандатот очекува да се заврши со изградба на сите булевари и клучки на кои се работи активно. Вели дека со забрзано темпо се градат и клучката кај Момин Поток, поврзувањето на Илинденска со Визбегово преку мостот кај сити Мол.

Воедно најави и дека за 10 дена ќе биде распишан тендер за документација за доизградба на булеварот до Драчево кој оди преку Кисела Вода, кој исто така треба да се разлизира до крајот на мандатот.