Профит за Усје, болест за народот, Бараме мерни станици, но не бараме власт, „Стоп за Усје“, бараме воздух, беа само дел од пораките на граѓаните кои се собраа на протестот против загадувањето, за кои тие сметаат дека доаѓа од фабриката за производство на цемент УСЈЕ.
Од Пред Владата порачаа дека сега е вистинксиот момент, институциите да застанат на страната на народот, а не на страната на бизнисите. Сметаат дека сега е времето да бидат исполнети деветте барања кои тие ги имаат доставено до иснитуциите, бидејќи за месец дена треба компанијата да ја добие новата А интегрирана дозвола.
Усје не не труе од денес, УСЈЕ не труе веќе 35 години. И доколку како што вели не загадува, УСЈЕ, што се однесува до нас барањата може да бидат прифатени. Нека постават мерни станици околу Цементара, нека постават Цемс систем којшто 24/7 ќе мери контирнуирани па да видиме дали УСЈЕ загадува, дали не загадува. Да биде тргнат делот деловна тајна од законот за индустријата, доносно да знаеме што согорува, што не согорува УЈСЕ, рече Александар Тодевски од „Стоп за Усје“.

Од Цементарницата веќе неколку пати реагираа дека тие не загдуваат. Ги исполнуваат највоските стандарди за заштита на животната средина, кои се многу поригорозни отколку македонските барања во домашното законодавство. Како факт ја посочија обврската за доставување на извештаи за одржливост и обврски кон евроопските регулативи за заштита на животната средина.
Протестниот марш почна пред Владата. Граѓаните се движеа до собранието, а маршот заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање каде ги повторија нивните барања. Денешниот протест беше еден од низата протести кои ги организираше иницјиатива „Стоп за Усје“. Тие ќе продолжат со протести и маршеви до исполнување на нивните барања.
