Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ интервенираше на критичните точки, акумулациите на стабилно ниво

Навременото детектирање и санирање на критичните точки, спречи излевање на реките од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Навременото детектирање и санирање на критичните точки, спречи излевање на реките од коритата во Кумановско, информираа денеска надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“. Претпријатието, како што кажа  директорот на АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, Дарко Живковски, континуирано работи на терен за да нема сериозни излевања на реките.

Тој посочи дека се санирани повеќе критични точки и е направено зајакнување на заштитните бедеми. Привршува интервенцијата на Крива Река во селото Довезенце, каде што се спроведуваат активности за регулирање на речното корито.

– Во изминатиот период немавме излевање на реките од нивните корита. Во Доовеззнце имаше мало излевање кај мостот, но тоа беше предизвикано од непрописно изведен премин кој создава пречка во самото корито. Нема загрозени куќи ниту земјоделско земјиште, изјави Живковски.

Реклама

Активности биле реализирани и во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и во селата Јачинце, и Клечовце. Формирани се заштитни бедеми, а исчистени се и делови од речните корита во Табановце и Горно Коњаре, на реката Коњарка. Според податоците од претпријатието, исчистени се повеќе од осум километри речни корита, а механизацијата и во наредниот период ќе биде ангажирана на терен со цел навремено справување со потенцијалните ризици.

Во однос на хидролошката состојба, Живковски информира дека акумулациите се во стабилна состојба и бележат пораст на нивото на водата.

– Моментално располагаме со околу 14 милиони кубни метри вода. Очекуваме водостојот дополнително да се зголеми, што ќе овозможи доволни количини за претстојната сезона во 2026 година. Навремено ќе започнеме со наводнување и очекуваме успешна земјоделска сезона, изјави Живковски.

Тој апелираше до граѓаните да не фрлаат отпад во речните корита.

При теренските интервенции биле забележани зголемени количини смет и пластичен отпад, што дополнително го отежнува протокот на водата и го зголемува ризикот од поплави.