Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Одлуки и решенија на Уставен суд од првата седница од 2026

Уставниот суд денеска ја одржа првата седница од 2026 година и ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд денеска ја одржа првата седница од 2026 година и ги донесе следните одлуки и решенија.


1. Реферат У.бр.124/2023

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 73 од Законот за Народната банка на Македонија и  ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 2 ставови 1 и 4 од за Народната банка на Македонија („Службен весник на Македонија“ бр. 158/2010, 123/2012, 43/2014, 153/2015, 6/2016 и 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 110/2021, 72/2024, 74/2024, 121/2024 и 16/2025).

Реклама

Подносител на иницијативата: Славко Лазовски

2.Реферат У.бр.249/24

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 60 став 3 алинеја 2 од Законот за управни спорови („Службен весник на Македонија” бр.96/2019).

Подносител на иницијативата: Александар Наумовски

3. Реферат У.бр.86/2025

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 218 од Законот за извршување („Службен весник на Македонија” бр.72/2016, 142/2016, 178/2017, 26/2018 и 233/2018 и „Службен весник на Македонија” бр.14/2020 и 154/2023).

Подносител на инцицијативата: Николче Митевски, адвокат

4. Реферат У.бр.104/2022

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 1 од Анексот за изменување на Колективниот договор за здравствената дејност на Македонија („Службен весник на Македонија” бр.32/2019) и член 4 од Анексот за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност на Македонија („Службен весник на Македонија” бр.32/2020).

Подносител на иницијативата: Насер Муареми и други

5. Реферат У.бр.116/2023

Поради испитување на дополнителни околности предметот е повлечен од дневен ред, ќе биде ставен повторно, на некоја од наредните седници.

Подносител:  Славко Димитров

6. Реферат У.бр.168/2023

Судот не поведе постапка за оценување на член 1 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за геодетски работи за посебни намени, донесен од Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижости („Службен весник на Македонија” бр.52/2023).

Подносител на иницијативата:  Комора на трговски поединци овластени геодети и трговски друштво за геодетски работи на РМ застапувани од адвокат Бобан Богдановски

7. Реферат У.бр.68/2022

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за усвојување на Конечен детален урбанистички план за дел од блок 1, опфат 2 Урбана единица “Центар”, четврт „А”, КО Гостивар 2, Општина Гостивар, број 08-1369/1 од 29 јули 2021 година (“Службен гласник на Општина Гостивар” бр.5/2021 од 29 јули 2021 година).

Подносител на иницијативата : Taсин Мухаџири

8. Реферат УЗ.бр.10/2025

Судот не донесе одлука, поради немање на доволно мнозинство при гласањето. Предметот останува отворен и ќе биде ставен на некоја наредна седница. 

Подносител на иницијативата: Општинска организација на сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи Тетово, преку овластено лице Љиљана Симовска, претседател на организацијата.

9. Реферат УЗ.бр.32/2025

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Буџетот на Општина Карпош за 2025 година („Службен гласник на Општина Карпош” бр. 21/2024 од 18.12.2024 година).

Подносител на иницијативата: Викторија Андоновска

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

1. Реферат У.бр.275/2024

Судот го одби барањето на подносителот Александар Митовски и не утврди повреда на неговото право на слобода на изразување, согласно член 110 алинеја 3 од Уставот.

III. ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА

1. У.бр.209/2024

 Судот го укина член 42 став 7 од Законот за дивечот и ловството („Службен весник на Македонија“ бр.263/2023 и 170/2024).

Подносител на иницијaтивата: Владимир Михајловски, aдвокат

У.бр.259/2024

Судот ги поништи член 32 алинеи 1, 2, 3 и 4, член 34 точки 1, 2, 3 и 4, член 35 точки 1, 2, 3 и 4 и член 46 став 8 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Македонија“ бр.141/2014 и 36/2016 и „Службен весник на Македонија“ бр.147/2023, 263/2023, 286/2023, 135/2024, 218/2024, 275/2024 и 215/2025).

Подносител на иницијaтивата: Филип Стефановски

У.бр.42/2025

Судот го укина  член 20-а став 3 од Законот за технолошки индустриски развојни зони („Службен весник на Република Македонија” бр.14/2007, 103/2008, 139/2009, 156/2010, 172/2012, 41/2014, 160/2014, 72/2015, 129/2015, 173/2015, 192/2015, 217/2015, 30/2016 и 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.13/2023 и 59/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев