Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Јаревски: Владата активно работи за подобрување на стандардот на граѓаните 

На телевизија Телма во емисијата „Директно“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На телевизија Телма во емисијата „Директно“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски, кој дискутираше за зголемувањето на минималната плата и напорите од страна на Владата за зголемување на животниот стандард, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе се трудиме да се испочитуваат колективните договори, законските одредби и легислативата којашто ja детерминира оваа проблематика. Јас се сеќавам кога беше донесена формулата со којашто се пресметува минималната плата, и како тоа триумфално и синдикатите и тогашните претставници на власта, тоа го презентираа пред јавноста. Се разбира дека прави Владата и претставниците на мнозинството се што можат да ги подобрат условите во државата“, истакна Јаревски.

Јаревски посочи дел од проектите на Владата спроведени во интерес на работниците, и потенцираше дека Буџетот за 2026 година има сериозни развојни компоненти а инфлацијата е намалена.

Реклама

„Можеме да укажеме дека имаше една галопирачка инфлација која е далеку намалена, беа направени мерки за нејзина консолидација, веќе имаме Буџет којшто има сериозни развојни компоненти, инфлацијата веќе можеме да ја проектираме и на 2,5% на крајот на наредната година, не се веќе двоцифрени бројките, тие се мерки на стабилизација коишто се во интерес на сите“, рече Јаревски и додаде:

„Социјалните трансфери оваа година беа околу 206 милијарди денари, што се предвидени во Буџетот, обезбедени се средства. Проекциите се реални, 7% е проектиран растот на платите и некаде околу 10% растот на пензиите. Ќе се сложам да биде нашиот фокус кон зголемување на просечната или максималната плата којашто нашите работници ја добиваат“.