Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Гаши: Граѓаните од Собранието очекуваат поголем надзор и повеќе контрола врз работата на Владата

Граѓаните од Собранието очекуваат да ги зајакне надзорната расправа и контролата врз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните од Собранието очекуваат да ги зајакне надзорната расправа и контролата врз работата на Владата, истакна денеска претседателот на парламентот, Африм Гаши, кој учествуваше на дебата за парламентарниот надзор и контролата во Македонија низ призма на надзорниот капацитет на Собранието, што се организира во соработка со парламентарната програма за поддршка и НДИ. 

Дебатата, на која присуствуваа и координаторите на пратеничките групи и пратеници, по презентацијата на истражувањето за парламентарниот надзор и контролата на вонредниот професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Денис Прешова, ја отвори дилемата за спроведувањето и ефикасноста на новиот Деловник за работата на Собранието. 

Гаши рече дека се забележуваат дилеми со примената на новиот Деловник, кој, како што потсети, беше донесен со политички консензус, но при неговата подготовка и носење било заборавено да се вклучат собраниските експерти и академската јавност. 

Реклама

Професорот Прешова, кој направи компаративна анализа и со законските и со уставните решенија и надлежности на околните парламенти, британскиот и американскиот Сенат, меѓу другото, рече дека макдонското Собрание има пошироки политички надлежности. Освен што треба да врши надзор врз работата на Владата, Собранието врши контрола и врз работата на некои независни и регулаторни тела, што не е случај во други земји. Исто така, според него, многу често се споменува дека Собранието е највисоката власт во земјата иако има хоризонтална поставеност на власта, односно имаме еднаква поделба на власта. Професорот Прешова потсети дека уште со Уставот од 1991 година во однос на надлежноста на Собранието се користат термините контрола и надзор, но не се објаснува зошто. 

Професорот вели дека дури и во новиот Деловник надзорот се регулира дури во пет глави, има и паралелизам во однос на Законот за Собранието и Деловникот, каде што одредени прашања не се регулирани идентично. Тој, меѓу другото, зборуваше и за интерпелацијата и за пратеничките прашања и притоа потенцира дека како позитивно јасни се поставени правилата на дејствувањето на опозицијата во парламентот. Прешова исто така нагласи дека во однос на парламентите во регионот, кај нас има најголем број работни тела, односно комисии.