Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Богојавление празник на духовно прочистување и народна традиција

Богојавление е празник на духовно прочистување, вели Анита Стојчевска, кустос-советник од Националната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Богојавление е празник на духовно прочистување, вели Анита Стојчевска, кустос-советник од Националната установа Музеј Куманово. Еден од најзначајните христијански празници поврзан со крштевањето на Исус Христос во реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител.

Со овој празник симболично завршува периодот на т.н. „некрстени денови. Во моментот на крштевањето, според библиското предание, се појавува гулаб, симбол на Светиот Дух, што се толкува како богојавување, односно објавување на божествената суштина. Осветување на водата е централниот ритуал кој се изведува и денес, исто како и во минатото. Верниците скокаат по крстот, а оној што ќе го фати се верува дека ќе има среќа, здравје и бериќет во текот на целата година, обајснува Стојчевски.

Според верувања на богојавленската вода ѝ се припишуваат исклучителни лековити својства. Верниците носат осветена вода во своите домови, ја чуваат преку целата година и ја користат за здравје и благосостојба.Со водата се прска куќата, дворот, нивите, лозјата, а се користи и при важни семејни настани. Се прска и новата снаа при влегување во куќата, за да има среќа и хармонија во домот. Некои веруваат дека стоењето на секира при внесување на водата ќе ги направи, цврсти како челик, вели Стојчевски.

Реклама

Водата се користела и за лекување на болни, а дел од домаќинствата ја користат и при подготовка на храна, верувајќи во нејзината заштитна моќ. Верниците меѓусебно си честитаат со поздравите „Бог се јави“ и „Навистина се јави“, изразувајќи радост и духовна поврзаност. Празникот се смета за еден од најзначајните во православниот календар.

Свети Јован Крстител се прославува ден по Водици. Според верувањата тој се смета за заштитник на кумството и побратимството.

– За овој празник се подготвува мрсна трпеза, се посетуваат блиски и пријатели, а се честита за здравје, среќа и благосостојба. Главни обележја на славата се славскиот колач, свеќата и пченицата. Славскиот колач симболизира благодарност кон Бога. Со неговото сечење се одбележува Христовото страдање, а со прелевање со вино се симболизира прочистување од гревовите, објаснува Стојчевска.

Со овие празници, завршува зимскиот циклус на празници, кои според етнологијата го спојуваат религиозното значење со богатото народно наследство, сведочејќи за континуитетот на традицијата во современото општество.