Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Лефков: Лидерската средба отвора пат за консензус околу реформите и европската иднина

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков истакна дека лидерската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков истакна дека лидерската средба иницирана од претседателот на Владата, премиерот Христијан Мицкоски, претставува одговорен и државнички чекор насочен кон градење заеднички ставови за клучните реформски процеси и законите неопходни за напредокот на државата на патот кон Европската Унија, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Лефков нагласи дека за разлика од претходните лидерски средби, кои се одржувале поради конкретни политички причини, оваа средба има за цел да отвори суштински дијалог меѓу сите политички чинители кои се чувствуваат одговорни за иднината на државата, со фокус на стабилноста, институционалната доверба и политичката зрелост.

„И во минатото сме имале лидерски средби, меѓутоа тие лидерски средби се одржувале поради една, друга или трета причина. Оваа лидерска средба доаѓа по иницијатива на претседателот на Владата, на премиерот Христијан Мицкоски и е за градење на заеднички ставови, токму за реформската агенда, оние закони коишто се важни за исполнување на патокзаот кон ЕУ, за да можеме да седнеме на заедничка маса сите политички чинители коишто себе се доживуваат како одговорни политички субјекти во државата и се загрижени за иднината да можеме да формулираме заеднички ставови и начин на којшто ќе одиме нанапред“, истакна Лефков.

Реклама

Пратеникот Лефков, во реплика на пратеникот од опозициската СДСM, Фатмир Битиќи, истакна  дека критиките упатени кон лидерската средба се неосновани и дека напуштањето на дијалогот и оставањето празно столче не придонесуваат кон градење доверба. Тој истакна дека токму Владата презема иницијатива за обединување околу реформската агенда, без потреба од ад-хок политички конструкции, како што беше т.н. пржинска влада.

„Користевте тешки зборови за лидерската средба, суфицит на волја, камуфлажа, инженеринг и рековте дека вака не се креирала доверба, жестоко бранејќи ја пржинската влада, меѓутоа таа влада е нешто за коешто денеска практично сите коишто учествуваа на таа лидерска средба се изјаснија дека е нешто коешто е вишок, коешто е непотребно и потребно е да се гради доверба во институциите и нема потреба од оваа реторика“, рече Лефков.