Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Петра е првото бебе во 2026 година родено во Штип

Со плачот на малата Петра, започна новата 2026 година во Штип. Родена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со плачот на малата Петра, започна новата 2026 година во Штип. Родена точно на полноќ со царски рез, таа е првата рожба во семејството  Петрови. И мајката и бебето, тешко 3.550 грама и долго 50 сантиметри, се во одлична здравствена состојба.

  „Добро се чувствувам. Благодарна сум на целиот персонал„ изјави мајката Марија Јанкова Петрова.

Првото новогодишно бебе го посети и градоначалникот, кој порача дека секое новороденче носи надеж за подобра иднина и развој на градот и државата.

Реклама

„На првиот ден од новата година ја посетивме малата Петра, еден симболичен чин кој се надевам дека ќе придонесе за уште поголем број на новородени дечиња, а со тоа да се развива нашиот град и нашата држава„ изјави градонаначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Штипската Клиничка болница ја заврши 2025 со повеќе раѓања, подобрени услови и зајакнат медицински кадар. Бројот на новороденчиња е за 62 поголем во однос на претходната година, а по раѓањето на малата Петра, се очекуваат уште две породувања.

„Во споредба со 2024 , 2025 ја завршивме со 62 новородени дечиња повеќе. Во годината што измина имавме 477новороденчиња. Ноќеска се роди Петра, а ссега во наредните неколку часа очекуваме уште две попродувања„ изјави д-р Станка Јаневска- Велкова, началник на Одделеот за акушерство и гинекологија, при КБ-Штип.

Во новогодишната ноќ во штипската Клиничка болница, биле примени полнолетни пациенти поради алкохолна интоксикација. Исто така, имало и физички напад, со учество на малолетници малолетници. За среќа не биле регистрирани сообраќајни несреќи.

„На интернистичкиот оддел имавме случаи со лесна интоксикација, имаше физички напади повеќе од очекуваното, како и повреди или трауми од алкохолизирана состојба„ изјави д-р Влатко Захариев, директор на КБ-Штип.

За среќа, во текот на ноќта во штипската Болница,  нема пријавено ниту една сообраќајна несреќа.