Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Дурловски по повод двата концерти: Музиката е најискрениот јазик кога зборовите се недоволни

Оперскиот пејач Игор Дурловски, по повод двата концерти на Ана и Игор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оперскиот пејач Игор Дурловски, по повод двата концерти на Ана и Игор Дурловски одржани вчера и завчера на сцената на Македонската опера и балет со симфонискиот оркестар „Ајга“, под диригентство на Ана Спасовска, истакна дека музиката е најискрениот јазик кога зборовите се недоволни.

-Два концерти, две вечери исполнети со многу емоции и љубов. Зад нив стои збир на многу луѓе и структури што веруваат дека културата не е настан, туку обврска, институционална поддршка, искрено партнерство, медиумска грижа и пријателска посветеност, напиша Дурловски на Фексбук.

Тој наведе дека кога уметноста успева, тоа никогаш не е дело на неколкумина.

Реклама

-Имавме колеги на сцена што професијата ја претворија во заедничка одговорност свесни дека музиката е најискрениот јазик кога зборовите се недоволни.

Имиња не наведувам од почит кон фактот дека кога уметноста успева, тоа никогаш не е дело на неколкумина. Ви благодариме, додаде Дурловски на Фејсбук.

Познатата оперска двојка изведе избор љубовни песни од македонската музичка традиција, во нови аранжмани кои за оваа пригода ги направи композиторот Сони Петровски.

Со двата концерта Ана и Игор Дурловски одбележаа 25 години уметничка дејност.