Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Ѓорѓиевски: Работиме на справување со аерозагадувањето

Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски денеска информира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски денеска информира дека со неговите колеги градоначалници разговараат за мерки за справување со аерозагадувањето. Најави дека ќе имаат состанок на оваа тема пред завршување на календарската година заедно со премиерот Христијан Мицкоски и со Министерството за животна средина и просторно планирање. 

Тој соопшти дека тековно се спроведуваат редовни инспекциски контроли. – За Град Скопје слободно да побарате информација од Секторот за инспекција колку пати сме постапиле во изминатиот период против сите оние потенцијални загадувачи во главниот град, ако тоа не го правиме помпезно во јавноста. Тоа треба да го прават и сите колеги градоначалници. Дополнително тоа е процес кој треба да го решаваме во неколку етапи, рече Ѓорѓиевски одговорајќи на новинарско прашање по конститутивната седница на Генералното собрание на ЗЕЛС. 

Нагласи дека покрај премиерот Мицкоски, во предизборната кампања ветил и се работи сериозно на тоа Скопје да се покрие со гасни централи. 

Реклама

-И тоа е работа што не може преку ноќ да се направи. Работиме на тоа. Алтернативни горива за загревање домаќинства и она што треба следната година да го добиеме како поддршка од Владата се нови електрични автобуси и реално функционален превоз за граѓаните за што помалку да се користат автомобили.  Тоа би биле сет на мерки кои на долг рок треба да дадат реални резултати, но тоа да не остане како во минатото само наводна декларативна заложба од која и ден денес немаме резултати. Скопје не е загадено само денес или било кој друг град. Загадени се 30 години наназад, но секогаш некој декларативно има заложби, а немаме подобрување на состојбите. И јас и моето дете живееме овде и го дишеме истиот воздух, како и сите наши сограѓани, но за жал никој не направил нешто конкретно во минатото. Ние сме генерација која сметам дека ќе го направи тоа, потенцира Ѓорѓиевски. 

Тој најави дека во текот на денот ќе објават официјално првични мерки како Град Скопје кои ќе бидат и насоки за постапување за ова прашање.

Според него, скопјани заслужуваат соодветни услови во главниот град, како и сите жители во Македонија. 

– Време е декларативните заложби да ги ставиме на страна и да преземеме конкретни мерки. Дека веднаш ќе го решиме тој проблем, нема да го решиме, рече Ѓорѓиевски.