Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

И здружението ТАКТ се приклучи на кампањата против родово базирано насилство 

Здружението за унапредување меѓусебна доверба ТАКТ се приклучи кон кампањата „16 дена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението за унапредување меѓусебна доверба ТАКТ се приклучи кон кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, денови во кои се зборува гласно, а сите што ја поддржуваат кампањата стоиме заедно и делуваме, истакна извршната директорка на ТАКТ, Магдалена Спасовска.

Таа посочи дека оваа година е посебно значајна, бидејќи ја завршуваат нивната најголема едукативна база за спорт и родово базирано насилство во Македонија.

-Оваа база е создадена во рамки на проектот „SportGVP“, во партнерство со организациите кои ја движат промената заедно со нас. Во текот на изминатите три години создадовме едукативни материјали за тренери, наставници и спортски клубови, анализа за родово базирано насилство во спортот во Македонија, како и препораки и алатки за унапредување на безбедни, инклузивни и поддржувачки спортски средини, додаде Спасовска, посочувајќи дека во ТАКТ веруваат дека спортот е моќен простор за солидарност, поддршка и трансформација.

Реклама

Денес, истакна Спасовска, и секој ден, стоиме на страната на оние чии гласови треба да се чујат против насилство, за еднаквост и безбеден спорт за сите.

Материјалите изработени во рамки на проектот „SportGVP“ се достапни и на посебна веб-страница: www.sportgvp.eu/mk