Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Одложен изборот на в.д. јавен обвинител – Советот без кворум

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да се избере в.д јавен обвинител на Македонија. Причина за одложувањето е отсуството на еден член, поради што Советот немаше услови за работа. Членовите одлучија седницата да продолжи во понеделник, кога повторно ќе се обидат да донесат одлука за изборот.

Спроред Законот за јавното обвинителство, вршителот на функцијата треба да биде определен од редот на јавните обвинители во Јавното обвинителство.Во игра за в.д државен јавен обвинител се Златко Биковски, Анита Тополова Исајловска, Исмаил Дарлишта, Соња Симовска, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефановска.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски  пред неколку дена си поднесе оставка во ист ден кога беше закажана седницата во Собранието на која ќе се расправаше за неговото разрешување.

Реклама

По оставката на Коцевски, Собранието во најкус рок треба да распише оглас за избор на нов државен обвинител.

Законот за јавни обвинители предвидува изборот на јавен обвинител на Македонија да се изврши најдоцна два месеца пред истекот на мандатот или веднаш по празнење на функцијата.

По предлог на Владата, Собранието распишува јавен оглас, а рокот за пријавување е 15 дена од објавувањето во „Службен весник“. По пријавувањето, Владата бара мислење од Советот на јавни обвинители, кој во рок од 15 дена доставува образложено позитивно или негативно мислење. Владата избира кандидат со позитивно мислење и го доставува предлогот до Собранието, каде јавниот обвинител се избира со просто мнозинство.

Љупчо Коцевски пред да стане државен обвинител, беше виш обвинител во Гостивар, избран во 2008. СДСМ и ДУИ го избраа за државен обвинител, како предлог на владата со потпис на тогашниот вицепремиер Артан Груби.

Тој ќе биде запаметен како единствен обвинител на која му беше ислгасана интерпелација во Собранието. Претходно, Владата започна со негово разрешување, но постапката беше прекината поради трагедијата во Кочани.