Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Бизнис

НЛБ Банка партнер на државните институции за системот СЕПА

Државните институции од декември ќе вршат меѓународни трансакции во евра преку Единствената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државните институции од декември ќе вршат меѓународни трансакции во евра преку Единствената област за плаќањa во евра – СЕПА. Народната банка ќе ги врши овие плаќања за државните органи преку НЛБ банка. За ова да стане реалност беше потпишан договор меѓу гувернерот на Народна Банка Трајко Славески и претседателот на Управниот одбор на НЛБ Љубљана Блаж Бродњак. Следниот месец, наместо 14 евра по трансакција, без гаранција за брзина и со дополнителни провизии на странските банки, преку СЕПА истите трансакции ќе чинат 3 евра за електронски налози и 5 евра за хартиени, додека сите приливи во евра преку СЕПА ќе се наплатуваат 3 евра. Од НЛБ банка се задоволни од договорот. Велат од стартот на оваа опција за граѓаните, меѓународните трансакции се зголемиле во обем и вредност.

Банкарите задоволни од порастот на кредитирањето годинава. Велат висината на каматните стапки ќе зависи од одлуките на централните банки и интерните политики на банките, но сметаат дека се ниски во однос на нивото на инфлација. Од НЛБ банка очекуваат годинава да имаат кредитен раст од 8 до 10%.

Од Народна банка велат дека банкарскиот сектор е стабилен. Очекувањата се кредитирањето да расте, но потоа да следи благ пад. Кредитната активност забележала силен раст во првите 9 месеци и според есенските проекции на НБМ ќе изнесува 11,6% до крајот на годинава. Зголемувањето на депозитите, пак, ќе изнесува 9 и пол проценти.