Полесен и побрз пристап до европски пари, поголема поддршка за проекти во инфраструктурата, енергетиката, здравството, образованието, помош за малите и средни бизниси – Европската инвестициска банка отвора претставништво во Скопје. По состанокот во Владата помеѓу премиерот Мицкоски и потпретседателот на банката Де Грот, се потпиша договорот кој овозможува поблиска врска со европските институции. Според надлежните, ова е значаен чекор кој ја потврдува посветеноста на земјава кон продлабочување на соработката со европските партнери но и показател за економскиот потенцијал на Македонија. Сега се очекува проектите да се реализираат побрзо, со помал административен товар, а средствата да се насочуваат потранспарентно и со поголем ефект.
Поблиското присуство на ЕИБ покажува дека нашата држава се движи во насока на модерна, европска и конкурентна економија. Отворена за инвестиции и ориентирана кон долгорочен и одржлив раст. Новата фаза на соработка во која влегуваме се совпаѓа со стратешките цели на Владата. Забрзување на економската трансформација, поддршка на зелената транзиција, и усвојување на европските успешни практики и стандарди. Нашата заложба останува јасна, да создадеме услови за стабилен раст, нови инвестиции, зголемена конкурентност и поквалитетни услови за животот на граѓаните, рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Договорот ќе придонесе за подобра комуникација на ЕИБ со Владата, локалната самоуправа и македонските компании. Роберт Де Грот најави и помош во спроведувањето на проектите и реформите кои се дел Планот за раст на Европската комисија.

Кога би го погледнале ова формално препознавање на статусот на ЕИБ во Македонија, тоа ќе ни овозможи да ја продлабочиме врската но и нашето портфолио да порасне во согласност со приоритетите на владата. Како дел од тим Европа и новиот План за раст на ЕК подготвени сме да ги поддржиме нашите македонски партнери при испорачувањето на проектите кои ќе имаат силно влијание и ќе промовираат одржлив развој, поврзување, зелена транзиција и подобрени здравствени и образовни услуги во полза на граѓаните, рече потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот.
Од нашата независност до денес, ЕИБ има инвестирано над 1,6 милијарди евра во клучни сектори за стабилен развој на Македонија како инфраструктура, енергетика, транспорт, поддршка на малите и средните претпријатија, како и подобрување на животниот стандард преку модернизација на јавните услуги.
Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија координирано работи на привлекување странски инвестиции но и се насочува кон други пазари, во Африка и Азија. Со отворањето амбасада во Саудиска Арабија
Проширувањето на дипломатското присуство, како што е најавата за отворање амбасада во Саудиска Арабија и планираните активности на пазарите на Блискиот исток ќе донесат повеќе инвестиции, нови работни места и посилна економија.
