Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Македонија

Герасимовски: Центар е лидер во дигитализација, електронски упис на првачиња, персонализирани известувања од градинки и мерачи на бучава

Инвестираме во дигитализација за да ги направиме општинските услуги побрзи, поефикасни и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестираме во дигитализација за да ги направиме општинските услуги побрзи, поефикасни и подостапни за граѓаните. Наша цел е Општина Центар да биде дигитална, интерактивна и блиска до своите жители, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Тој посочи дека општината го развива и надградува ГИС порталот, кој им овозможува на граѓаните брз и лесен пристап до информации и документи, како што се деталните урбанистички планови (ДУП), уписите и податоците за училиштата и градинките.

-Со регистрација во ГИС-от, што се наоѓа на општинската веб-страница, граѓаните можат да проверуваат во кое училиште реонски припаѓа нивното дете и да поднесат електронска пријава за упис. Новина е модулот за градинки, преку кој родителите добиваат персонализиран профил на детето, преку кој се информираат за активностите, присуството и другите известувања од градинката, нагласува Герасимовски.

Реклама

Како што информираат од Општина Центар, Зелениот катастар, кој исто така е дел од ГИС-от, овозможува увид во мапираното зеленило, со околу 80 проценти од дрвјата веќе внесени со податоци и фотографии.

Дополнително, Digital Twin, тридимензионалната дигитална реплика на урбаното јадро, овозможува транспарентен пристап до урбанистичките планови и инфраструктурата.

-Во делот на животната средина воведуваме СМАРТ-систем за мерење бучава, со уреди на 30 локации кои ќе ја следат бучавата во реално време и ќе обезбедуваат податоци за брза интервенција на нашите инспектори. Во строгиот центар на градот ќе се постават и три бесплатни WiFi зони во Дебар Маало, Сквер Јадран и Капиштец, истакнува Герасимовски.

-Пред една и пол година завршивме со Смарт програмата за осветлување, со замена на речиси 5.000 улични светилки со енергетски ефикасно LED светло , што ја подобрува видливоста, ја зголемува безбедноста и штеди енергија, нагласува  Герасимовски.