Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Министерот за спорт најави реконструкција на спортската сала во УКИМ и изградба на две нови во Аеродром и Крушево

Отпочнување на изградбата на две нови спортски сали и реконструкција на спортската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отпочнување на изградбата на две нови спортски сали и реконструкција на спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се три големи проекти што ќе ги спроведе Министерството за спорт до крајот на годината, најави министерот Борко Ристовски.

Како што соопштуваат од Министерството, Ристовски посочил дека тоа се три големи проекти со кои се заокружува годината.

-Реконструкцијата на спортската сала во комплексот на УКИМ е многу важна и за образованието и за спортот, бидејќи оваа сала веќе десетина години стои неупотреблива, како вистинска руина. По комплетната реконструција на салата, над 4.000 студенти ќе може да се занимаваат со спорт и да ги реализираат часовите по физичко образование во современ и безбеден спортски објект, рече Ристовски.

Реклама

Оттаму велат дека до крајот на годината Министерството за спорт ќе ги постави темелите и ќе почне со изградбата и на нова спортска сала во населба Аеродром (кај ФФМ) во Скопје и на нова спортска сала во Крушево.

-Направивме истражувања кои покажаа дека националните спортски федерации што ги носат репрезентациите на подготовки трошат над 1 милион евра годишно надвор од нашата држава. Кога ќе направиме идеална спортска сала во Крушево, во близина на спортски хотел, планина, овде блиску во Македонија, поголем дел од тие средства ќе останат во државата, наместо да се трошат за подготовки во странство. Крушево ќе прерасне во еден регионален спортски центар за подготовки не само на македонските репрезентации и екипи, туку и за тимови од државите во регионот, дополни Ристовски.

Во рамките на предвидените проекти на Министерството за спорт, Ристовски соопшти дека во изминатите 15 месеци се изградени и реконструирани над 40 мултифункционални спортски центри низ целата држава со основна заложба за рамномерна регионална распределба и спорт достапен за сите.

Воедно, најави дека до крајот на годината успешно ќе биде завршен и проектот за изградба на шест базени кои беа почнати и оставени недовршени од поранешната Агенција за млади и спорт и тие ќе бидат предадени на општините.