Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

„Свежа крв„ или „стари волци„ – дефинитвно започна процесот на детронизација на Филипче во СДСМ

СДСМ е на крстопат: дали ѝ е потребен нов лидер, лице со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ е на крстопат: дали ѝ е потребен нов лидер, лице со свежа визија и политичка храброст- или спасот ќе се бара кај старите, веќе познати имиња од минатото? Тоа е дилемата што деновиве сè погласно се отвора во партијата, но и надвор од неа, особено по јавните прекукувања на поранешните, но и сегашните идеолози,функционери,пратеници на СДСМ . На Венко Филипче му гори под нозете оти тронот му се лула. Падот на СДСМ не е само изборен -туку и внатрешен, длабок и потенцијално фатален.

По најслабиот резултат во историјата, со изгубена поддршка од народот и само шест освоени општини, партијата се соочува со опасен внатрешен раздор. Борбата за превласт е започната- зад кулисите се редат фронтови, се градат лобија, и никој веќе не крие дека различни фракции во СДСМ велат дека ако не падне Филипче, ќе падне СДСМ.

Незадоволството експлодира. Фракциите кои со години молчеа, сега бараат наплата -за игнорирање, за исклучување, за порази. Внатрешната криза ескалира, а раководството е во тотална изолација.

Реклама

„Се гледа дека одредени фракции внатре во СДСМ се незадоволни бидејќи не се вклучени… ќе бараат промени и нон-стоп ќе го обвинуваат раководството за лошите резултати.Бидејќи тој што е претседател треба да биде и лидер односно треба да обединува и тоа е нешто што е мака во минатото на СДСМ каде некој треба да дојде и да ги обедини сите, да застанат позади политиката која е споведена, вели за Алфа , Саша Богдановиќ.

Распадот на СДСМ е веќе започнат. ЗНАМ, граѓански листи, независни советници – сите тие се родија од празнината што ја остави СДСМ со својата политика во последниве години која ги дистанцираше овие структури кои традиционално гласаат за социјал-демократите.

Луѓето што некогаш ја носеа партијата, денес или се дистанцирани, или ја бојкотираат. Основачи со замрзнато членство, пратеници без партиска дисциплина, активисти кои заминуваат – слика на еден систем во распаѓање.

И кога нема стратегија за како се тоа да се обедини, а тоа се обединува преку политика, преку јасни пораки, соодветна програма и вклучување на луѓе кои можат тие политики да ги споведат. Доколку тоа не се случи во брз период, односно претседателот на СДСМ не покаже подготвеност да се откаже од некои лоши политики и некои политики од минатото, да се откаже од некои договори кои очигледно постојат и и носат штета на СДСМ , тоа превирање ќе продолжи и ќе се прави уште поголем расцеп внатре во СДСМ се додека еднаш конечно не се пресече дали ќе дојде некој друг кој ќе може тоа да го обедини, вели Богдановиќ.

Повторно се јавува веќе познатата дилема: Кој ќе го спаси СДСМ? Дали ќе се појави ново лице – без багаж, со кредибилитет и капацитет да расчисти со старите структури? Или, пак, партијата ќе се наврати на проверени имиња од минатото?

Според неофицијални извори и коментари од внатрешни извори, во игра се неколку сценарија.

Или СДСМ да остане со Филипче и да продолжи да тоне, или да дојде скорз нова кадар со квалитетно образование и програма , а третата опција е да ја преземе фотељата на Бихаќа некој од веќе познатите функционери на СДСМ.

Дел од паритиските членови бараат збор за нов претседател да имаат и Бранко Црвенковски, Никола Поповски, Софија Куновска, Игор Шема Ивановски. Сите се заминати од СДСМ, но не и заборавени. Сите – со политичка тежина што може да го мобилизира разединетиот терен, велат членовите.

Кулминацијата, според упатени извори, се очекува пред крајот на годината.

Дел од симпатизарите на СДСМ велат дека партијата е пред клиничка смрт. Без јасна стратегија, без обединувачки лидер и без вистинска самокритика -опстанокот станува прашање на денови, не на години.