Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Дизелот поскапува за еден, а бензините за половина денар

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за еден денар, а бензините ЕУРОСУПЕР…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за еден денар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за половина денар за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува, одлучи РКЕ.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 ден/кг.

Според одлуката на Комисијата од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 74,50 денари за литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 76,50 денари/литар, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 денари за литар, а маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 денари за литар. 

Реклама

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613%, кај дизелот за 2,881%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,251% и кај мазутот има исто така намалување за 2,898%.