Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Лашкоска од Будимпешта: Протоколот за вода и здравје – рамка за побезбедна и поодржлива иднина

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска и заменик-министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска и заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, на покана од Владата на Унгарија, во Будимпешта учествуваа на високиот сегмент на Седмото собрание на страните на Протоколот за вода и здравје, организирано заеднички од Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) и Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Европа (WHO/Europe).

Оваа седница го одбележува 20-годишниот јубилеј од стапувањето во сила на Протоколот – единствен меѓународен инструмент кој го поврзува управувањето со водите со заштитата на јавното здравје. Темата на високиот сегмент, „Отпорни системи за вода и санитација за побезбедна и поздрава иднина“, ја нагласува важноста на координираниот и интегриран пристап во услови на климатски и здравствени предизвици, соопшти Министерство за животна средина и просторно планирање.

– Во изминатите две децении, Протоколот за вода и здравје претставува извонреден пример на соработка меѓу секторите за животна средина и здравје, промовирајќи безбеден пристап до вода, санитација и хигиена за сите, истакна заменик-министерката Лашкоска.

Реклама

Таа додаде дека нашата држава останува посветена на целите на Протоколот, кој за земјата претставува повеќе од правен инструмент – рамка за напредок и усогласување на националните политики со европските приоритети за одржлив развој и климатска отпорност.

– Овој јубилеј не е само повод за славење на постигнатото, туку и повик за обновена посветеност. Да продолжиме да работиме заедно – преку граници, сектори и генерации – за поздрава, побезбедна и поодржлива иднина за сите, порача Лашкоска.

Таа истакна дека нашата држава активно инвестира во модернизација на инфраструктурата за вода и санитација, воведување дигитални системи за мониторинг и подобрување на пристапот до безбедна вода, особено во руралните и ранливите заедници.

Состанокот во Будимпешта ги обедини министрите, владините претставници и меѓународните организации од целиот свет. Заклучоците од високиот сегмент ќе бидат вклучени во подготовките за Конференцијата на Обединетите нации за води 2026, што ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати во декември 2026 година.