Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Свет

Директорот на домот за пензионери во Тузла поднесе оставка по пожарот во кој загинаа 12 лица

Вторник, 20 часот и 45 минути. Избил пожар на 7-миот кат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вторник, 20 часот и 45 минути. Избил пожар на 7-миот кат во Домот за пензионери во Тузла каде што биле сместени неподвижни луѓе. Огнот брзо почнал да се шири кон погорните спратови. Евакуацијата на старите и изнемоштени одела отежнато. Загинале 11 луѓе, а над 30 се хоспитализирани.

„Мора навистина да се заблагодарам на противпожарната единица Тузла, на пожарникарите од околните општини и градови. Штом се вклучи алармот кај нас, кога нашиот работник се јави, тие пристигнаа за 5 минути. Посебна благодарност до Полициската управа Тузла, специјалците, полицајците — сите дојдоа без кислород, без маски влегуваа внатре. Итната помош даде сè од себе.“– изјави директорот на домот за пензионери во Тузла, Мирсад Бакаловиќ.

Директорот на Домот поднесе оставка од морални причини.

Реклама

Меѓу повредените се и медицински лица, тројца полицајци и петмина пожарникари како и дел од персоналот во домот.

„Очекуваме одреден редовен прилив на пациенти, немаме ништо најавено, но може да се очекува со оглед на тоа што станува збор за повозрасни лица, а можно е и пренасочување на пациенти кон други локациите во Тузла.“– изјави директорот на Универзитетскиот клинички центар во Тузла, Шекиб Умиханич.

Тамошното обвинителство потврди дека истрагата е во тек за да се утврдат причините за пожарот и евентуалните пропусти во безбедносните процедури.

Очевидци велат дека наскоро по избувнувањето на пожарот се видел голем густ чад и во објектот завладела паника.

Јас бев легната, кога почна нешто — пука, пука, пука. Не знаев дали прозорците останаа цели или се испукаа, јас сум на трети кат. И почна нешто да се руши таму, ама јас веднаш ја повикав рецепцијата, не можев да добијам. Потоа погледнав низ прозорецот — одозгора паѓаа сите оние големи парчиња, ронки од ѕидови. Тогаш излегов во ходникот, и некој ми се јави и ме праша: „Каде сте? Дали сте загрозени?“ Јас реков: „Не, не сум загрозена.“– изјавија очевидци.

Босна и Херцеговина тагува за загубата на своите граѓани, а земјите од регионот изразија сочувство до семејствата на жртвите.