Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Гоцевски: Ја враќаме довербата на граѓаните кон локалните институции

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски денеска ја одржа првата прес-конференција, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски денеска ја одржа првата прес-конференција, на која најави почеток на имплементацијата на новата Програма за комуникација со јавноста, со цел зголемување на транспарентноста и враќање на довербата на граѓаните кон локалните институции.

Како што информира Гоцевски, програмата предвидува отворени и јавни тематски прес-конференции на неделно ниво, преку кои јавноста ќе биде навремено информирана за сите тековни активности на општината.

– Во најкус можен рок оваа политичка определба ќе се преслика и во сите локални институции под ингеренции на општината. Веќе се дадени насоки за формирање тимови во администрацијата кои ќе бидат постојано на располагање на граѓаните. Целта е значително подобрување на јавноста и транспарентноста во работата на градоначалникот, Советот на општината, Локалниот младински совет, месните и урбаните заедници и другите општински служби, изјави Гоцевски.

Реклама

Тој нагласи дека довербата добиена од граѓаните претставува голема обврска и мотив за посветена работа во интерес на општото добро.

– Довербата што ми ја дадовте не е само изборен резултат, туку завет и поттик да се работи искрено и одговорно, бидејќи нашиот град заслужува напредок, правда и достоинство. Започнуваме заедничка мисија – да изградиме општина што слуша, работи и се грижи за секој граѓанин. Нема повеќе затворена администрација, ниту градоначалник што комуницира само преку соопштенија или снимени обраќања, истакна Гоцевски.

Со оваа иницијатива, Општина Делчево најавува нов модел на отворена локална самоуправа која ќе биде поодговорна и потранспарентна во однос на своите граѓани.