Реклама

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

Свет

Францускиот министер за правда го посети Саркози во затвор

Францускиот министер за правда, Жерар Дарманен, го посети поранешниот претседател на Франција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Францускиот министер за правда, Жерар Дарманен, го посети поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, во затворот Санте во средата, јави телевизијата БФМ.

Како што претходно најави, Дарманен отишол во затворот Санте за да го посети Саркози, кој од 21 октомври е во притвор во изолација. Според информациите на француската телевизија, посетата се случила вчера во 19 часот и траела 45 минути.

За време на посетата, францускиот министер за правда бил во придружба на директорот на затворот Санте. Потоа разговарал со затворските службеници 45 минути, главно за прашања поврзани со безбедноста на притворот на поранешниот шеф на француската држава.

Реклама

Францускиот министер за правда, еден ден пред притворањето на Саркози, најави дека ќе оди во затворот Санте за да го посети поранешниот претседател на Франција.

– Како министер за правда, ќе се грижам за неговите безбедносни услови, рече тој за Франс интер.

Дарманен кажа дека министерот за правда може да посети кого било затвор.

– Јас тоа го правам трипати неделно, бидејќи морам да гарантирам правилно функционирање на јавната служба. Ми се случило да одам кај затвореници и тоа не е невообичаено, истакна тој. Оваа изјава наиде на одобрување од дел од политичката сцена, особено од поддржувачите на Саркози, додека други остро ја критикуваа.