Реклама

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

Свет

Уапсени двајца за кражбата на скапоцениот накит во Лувр

Двајца осомничени се уапсени поради кражбата на скапоцениот накит од парискиот музеј…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајца осомничени се уапсени поради кражбата на скапоцениот накит од парискиот музеј Лувр, пренесуваат француските медиуми. Парискиот обвинител соопшти дека еден од мажите е приведен додека се подготвувал да полета од аеродромот „Шарл де Гол“. Апсењата се извршени синоќа, но не е прецизирано колку лица се приведени.

Според изјавите на полициски извори за француските медиуми, еден од осомничените се подготвувал да патува за Алжир, а другиот одел во Мали. Полицијата може да ги испрашува до 96 часа.

Предмети во вредност од 88 милиони евра беа украдени од најпосетуваниот музеј во светот минатата недела, кога четворица крадци со електрични алати влегле во зградата среде бел ден. Истражителите пронајдоа повеќе од 150 примероци од ДНК, отпечатоци од прсти и други траги на местото на грабежот.

Реклама

Парискиот обвинител го критикуваше „прераното откривање“ на информации поврзани со случајот, додавајќи дека тоа ги попречува напорите за враќање на накитот и пронаоѓање на крадците.