Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Македонија домаќин на најголемиот светски собир за одржлива енергија, започнува 14-тиот Глобален форум IFESD-14

Од 28 до 30 октомври Скопје ќе бидат домаќини на 14-тиот Меѓународен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 28 до 30 октомври Скопје ќе бидат домаќини на 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), еден од најзначајните глобални настани во областа на одржливата енергија.

Под мотото „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“, форумот ќе собере над 1000 учесници од повеќе од 70 земји, меѓу кои високи претставници на меѓународни институции, влади, академски кругови и енергетскиот сектор.

Настанот го организира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Македонија, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и петте регионални комисии на ОН: UNECE, UNESCAP, UNECLAC, UNECA и UNESCWA.

Реклама

Свеченото отворање ќе се одржи на 28 октомври во Македонската филхармонија, а ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерката Сања Божиновска, постојаниот претставник на ОН Армен Григорјан, како и Татијана Молчан од UNECE.

Во текот на тридневниот форум ќе се одржат бројни панел-дискусии и технички сесии, посветени на теми како енергетска безбедност, финансирање на чиста енергија, дигитализација, управување со критични суровини, праведна транзиција и улогата на младите и жените во енергетската трансформација.

Клучна цел на форумот е премин од глобални цели кон конкретни акции – преку забрзување на инвестициите во обновливи извори, диверзификација и регионална соработка.

Како завршен документ, ќе биде потпишана „Скопје декларацијата“, која ќе ги обележи заложбите на земјите учеснички за одржлива, безбедна и инклузивна енергетска иднина. Со ова, Македонија ја зацврстува својата позиција како кредибилен партнер во глобалната енергетска транзиција.