Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Дали санкциите на Трамп ќе го променат ставот на Путин?

Ќе успеат ли новите санкции на Доналд Трамп да го променат ставот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе успеат ли новите санкции на Доналд Трамп да го променат ставот на Владимир Путин и да донесат крај на војната на истокот на Европа?

Неколку дена откако Вашингтон воведе санкции за две од најголемите руски нафтени компании – „Росњефт“ и „Лукоил“, специјалниот претставник на Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, итно е испратен на преговори со американските колеги.

Тој не очекува мерките да имаат голем ефект врз руската економија, но се надева дека САД, Украина и Русија конечно ќе дојдат до дипломатско решение за крај на војната.

Реклама

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, очекува конечно и Пекинг да се вклучи во мировните преговори и да застане на страната на САД.

Во меѓувреме, од Европа стигнува најава за испраќање нови ракети, воена опрема и дополнителни санкции за Русија. Британскиот премиер ги повика европските лидери да се согласат замрзнатите руски средства да се искористат за зајакнување на одбраната на Украина.

Од Елисејската палата, пак, повикаа на засилување на воената поддршка за Украина.

Во меѓувреме, Русија продолжува со нападите врз Украина. Цел на балистичките ракети повторно беше престолнината Киев, каде што неколку лица се повредени. Сирените за воздушен напад во Киев беа активирани во три часот по полноќ, а кратко потоа закана од воздушни напади беше прогласена низ цела Украина.