Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на претседателот на ФУЕН, Винце

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи почесната награда…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи почесната награда “Илинден” на Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Почесната награда ”Илинден” за 2025 година и беше доделена на Федералната унија на европските националности за заложбите и поддршката што ја дава за Македонците во Албанија.

-Огромна чест ми беше во име на друштвото и на македонско национално малцинство во Република Албанија лично да му ја предадам на почитуваниот Лорант Винце, претседател на ФУЕН,  почесната награда ”Илинден” доделена на ФУЕН за оваа година, информираше Ѓурѓај.

Реклама

Ѓурѓај додаде дека се заблагодарил за  досегашна ангажираност во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Република Албанија, нивната положба и права.

Ѓурѓај учествува на  69-от Конгрес на унијата што се одржува во Болзано, Италија, на кој вчера едногласно беше усвоена Резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Во документот стои дека ФУЕН ја повикува Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган, во кој членуваат претставници на деветте малцинства признати во оваа држава, да се трансформира во министерство за национални малцинства. 

Исто така, според Ѓурѓај,  ја повикува албанската влада да ја ратификува европската карта за регионалните малцински јазици.