Реклама

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Македонија

Атанасовски: Доколку бидам избран во вториот круг, ќе започне изградбата на нова општинска зграда во Македонска Каменица

Актуелниот градоначалник на Македонска Каменица и кандидат за втор круг на Локалните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Актуелниот градоначалник на Македонска Каменица и кандидат за втор круг на Локалните избори од коалицијата ВМРО–ДПМНЕ и „Твоја Македонија“, Димчо Атанасовски, најави дека доколку повторно биде избран за градоначалник, ќе започне изградбата на нова општинска административна зграда – еден од, вели, најзначајните инфраструктурни проекти за општината.

Атанасовски истакна дека досегашната реализација на вакви проекти била блокирана поради отпор и кочење од претходниот состав на Советот на општината што според него го одложило развојот на општината.

– Со изградбата на новата зграда ќе се промени изгледот на центарот на градот, ќе се подобрат условите за работа на администрацијата и ќе се воведе дигитализација во работењето, со цел побрзи и поедноставни услуги за граѓаните. Изградбата ќе започне веднаш по изборите и ќе биде завршена во првите две години, изјави Атанасовски.

Реклама

Тој додаде дека паралелно се планираат реконструкција на Здравствената станица во Македонска Каменица и целосна обнова на Детската градинка „Бамби“, Средното општинско училиште „Миле Јаневски Џингар“ и објектот на Јавното претпријатие „Камена Река“.

– Овие конкретни и подготвени проекти ќе ја променат сликата на Македонска Каменица и ќе овозможат стабилен развој и подобар живот за сите граѓани, нагласи Атанасовски.