Реклама

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

Свет

Трамп ќе ја повлече поддршката за Израел ако го анектира Западниот Брег

Израел ќе ја изгуби поддршката од САД ако го анектира Западен Брег,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Израел ќе ја изгуби поддршката од САД ако го анектира Западен Брег, предупреди американскиот претседател Доналд Трамп. „Тоа нема да се случи, бидејќи им ветив на арапските држави како дел од преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа“, изјави Трамп.

Претходно, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, откако израелскиот парламент усвои два закона насочени кон проширување на израелскиот суверенитет над Западниот Брег, изјави дека Израел нема да го анектира Западниот Брег.

„Ако ова беше политички потег, тогаш тоа е многу глупав политички потег, и јас лично го сфаќам како навреда. Политиката на администрацијата на претседателот Трамп е дека Западниот Брег нема да биде анектиран од Израел. Тоа ќе продолжи да биде нашата политика“, рече Венс.

Реклама

Во Израел денеска допатува американскиот државен секретар Марко Рубио, при што е предвидено тој да има средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.