Реклама

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Македонија

Дератизација, дезинсекција и дезинфекција во училиштата и градинките во Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа работна средба со директорите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа работна средба со директорите на основните училишта и градинките, на која беа договорени конкретни активности за одржување на хигиената во образовните установи на највисоко ниво, се наведува во соопштението на Општина Центар. 

Договорено е во текот на викендот да се спроведе повторна дератизација, откако веќе имаше една пред изборниот процес. Веднаш потоа ќе следат дезинсекција и дезинфекција на сите училишни и предучилишните објекти.

„Ова што денеска го договоривме се реализира согласно усвоените кризни мерки на Општина Центар за справување со потенцијални епидемии, заразни болести и појава на глодари опасни по здравјето, а во рамки на актуелната состојба со сметот“ посочи Герасимовски.

Реклама

Планот, освен дератизација, предвидува темелна дезинфекција и дезинсекција на сите простории каде се учи и престојува, вклучувајќи подови, ѕидови и мебел. Ќе се користат сертифицирани и безбедни препарати, согласно упатствата и стандардите за заштита на здравјето на децата и вработените.

Активностите за чистење на воспитно-образовните установи се преземаат во рамки на заштита на здравјето и безбедноста на децата и персоналот, особено во услови на еколошки и здравствени предизвици и појава на глодари.

Герасимовски истакна дека општината ќе продолжи со редовно следење на состојбата и континуирана соработка со директорите, со цел да се обезбедат хигиенски услови во средини каде престојуваат вработените и децата.