Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Димитриевски: Повеќе од јасно е дека Куманово сака да продолжам да го водам и натаму

Евидентна беше волјата на кумановци на гласањето во првиот круг на избори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Евидентна беше волјата на кумановци на гласањето во првиот круг на избори кои тие ја изразија слободно на избирачките места, а која значи поддршка за мене, порача кандидатот за градоначалник на Куманово и лидер на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитириевски.

„Врз основа на резултатите од гласањето за советничките листи и особено на она за кандидатите за градоначалник , повеќе од јасно е дека Куманово оди во насока да продолжам да го водам и во следниот мандат“, ја коментираше Димитриевски разликата во гласови меѓу него и неговиот противкандидат во вториот круг, која е поголема од 10 илјади, се вели во соопштението од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија (ЗНАМ).

Во вториот круг Димитриевски очекува поддршка од сите гласачи.

Реклама

„Јас се обраќам кон сите и не ги делам гласачите ниту по партиска, ниту по етничка, ниту по верска основа. А, никогаш тоа и не сум го правел. Затоа во рамките на поддршката што сум ја добивал секогаш имало гласови од сите етнички заедници, но и од останати партии. Впрочем тоа го имаше и при изборите во мојот прв и втор мандат, а и при гласањето на 19 октомври на овие избори“, потенцираше Димитриевски.

Во минатите осум години, вели тој, еднакво работел и во македонски и во албански и во српски и во ромски средини. Затоа смета дека не е пресудно за предност кој ќе биде поприсутен во медиумите, туку колку бил ефикасен во текот на својот мандат.

„Кога одам во град ми велат – работиш повеќе во село, кога одам во село – ми велат работиш повеќе во приградски населби. Таму пак, сметаат дека повеќе вложувам во градот. Кај Албанците се има впечаток – дека повеќе работам кај Македонците, Македонците сметаат обратно – дека повеќе работам кај Албанците, истата приказна е и кај Ромите. Но, на крајот сите велат едно исто – дека работам“, порача Максим Димитриевски.