Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Бојковска: Градот Скопје не ги извршува надлежностите коишто ги има, извршен е инспекциски надзор над „Комунална хигиена“ 

„Погубно е главниот град да биде, буквално може да кажам, затрупан со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Погубно е главниот град да биде, буквално може да кажам, затрупан со ѓубре и со смет. Ситуацијата е веќе апокалиптична, тоа што го гледаме на терен е неодговорно и буквално за срам. Надлежностите коишто ги има Град Скопје, очигледно, гледаме дека не ги извршува“, вели Драгана Бојковска, пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Бојковска се осврна на алармантната состојба со отпадот во Скопје, чија надлежност е на Град Скопје и нагласи дека извршен е инспекциски надзор и итна истрага за ЈП Комунална хигиена.

„Веќе видовме во текот на вчерашниот ден дека се пуштени инспекции во однос на надлежностите коишто ги има Комуналната хигиена во Скопје, за да се провери дали е сторено евентуално кривично дело по однос на несобирањето на сметот и бидејќи е онака каква што е ситуацијата сега, а граѓаните приотоа плаќаат на ЈП во градот Скопје за собирање на сметот и одржување на истото, гледаме дека не добиваат поврат на услуга за она коешто го плаќаат“, децидна е Бојковска и додаде:

Реклама

„Многу е важно да се напомене дека одговорни за собирање на сметот во градот Скопје е Град Скопје, односно Комунална хигиена – Скопје, којашто е при градот Скопје. Денес беше итно свикана вонредна седница на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски веќе излезе со конкретни предлози“.