Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Дритон Суљејмани: ВРЕДИ стана надежта што победи и ќе победи убедливо и во вториот круг од локалните избори

Дритон Суљејмани, портпарол на Изборниот штаб на ВРЕДИ денеска во изјава за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дритон Суљејмани, портпарол на Изборниот штаб на ВРЕДИ денеска во изјава за медиумите истакна дека Албанците на Локалните избори испратија јасна порака дека времето на, како што рече, лошо владеење, ароганција и измама завршила.

-Денеска, три дена по 19 октомври една работа е јасна како Сонце – Албанците зборуваа со еден глас и ја избраа промената. Тие испратија моќна порака „времето на лошо владеење, ароганција и измама заврши“ и тоа не само на централно, туку и на локално ниво. Во секој дел каде што има Албанци се почувствува духот на победата, се почувствува силата на ВЛЕН. Моќно влегуваме во вториот круг во Тетово,  Дебар, Струга, Боговиње, Брвеница и Долнени, каде што граѓаните јасно покажаа дека сакаат достоинство, развој и чесна политика, рече тој.

Суљејмани нагласи дека лидерите на Националната алијанса за интеграција (НАИ) не извлекле никаква поука по поразот доживеан на Локалните избори.

Реклама

-Пред оваа огромна граѓанска волја, НАИ доживеа пораз. Но, дури и по поразот лидерите на оваа разочарана коалиција не извлекоа никаква поука. Наместо да размислат и да се соочат со реалноста, тие продолжуваат да ги навредуваат граѓаните, да шират лаги и се обидуваат да ја манипулираат јавноста исто како што правеа цели 20 години. А, сега за да ги спасат последните надежи што им останаа, тие се подготвени да одат и со ѓаволот, конкретно со Левица, докажувајќи дека за власт се подготвени да ги продадат сите принципи и идеали за коишто некогаш зборуваа. Но, Албанците повеќе не се залажуваат. Тие знаат дека промената е неповратна. Тие знаат дека иднината е со ВЛЕН, со луѓето на трудот, достоинството и визијата, рече тој.

Суљејмани им се заблагодари на сите граѓани за поддршката што им ја дале во првиот круг и потенцира дека убедливо ќе победат и во вториот круг од Локалните избори.

-Затоа, во име на сите кандидати, структури и поддржувачи, им се заблагодаруваме од срце на сите граѓани што излегоа, гласаа и веруваа. Вие бевте силата на оваа промена. Вие бевте гласот на иднината. Благодарение на Вас ВЛЕН стана надежта што победи и што ќе победи убедливо и во вториот круг, нагласи Суљејмани.