Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Судењето за „Онкологија“ продолжи со сослушување на сведоци

На денешното рочиште за случајот „Онкологија“, во Основниот кривичен суд Скопје, сведочеше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешното рочиште за случајот „Онкологија“, во Основниот кривичен суд Скопје, сведочеше Татјана Соколова Ристова, законски застапник на пациентка која 13 години се лекувала на Клиниката за онкологија.

Соколова Ристова пред судот изјави дека лекувањето на нејзината мајка започнало кај друг доктор, но поради лошиот однос, пациентката одбивала да продолжи со терапијата. Особено се противела на хемотерапија, стравувајќи од губење на косата.  По пренасочување кај доктор Никола Васев, таа започнала имунолошка терапија, која според сведокот, ѝ овозможила да живее со канцер тип 5 цели 13 години.

-Мајка ми не сакаше да прима хемотерапија бидејќи не сакаше да ѝ падне косата. За цела среќа кај доктор Нино Васев се падна лекувањето и примаше имунолошка терапија. Благодарна сум на доктор Нино Васев што мајка ми живееше толку долго со канцер тип 5, изјави Соколова Ристова.

Реклама

Судењето е во фаза на доказна постапка, а денешното рочиште вклучуваше читање на докази од страна на Обвинителството кои, меѓу другото, вклучуваа списи од пронајдени лекови во канцеларијата на Васев.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, заедно со уште двајца онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката започна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина, по што судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба. Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка од ОЈО Сопје Ана Гоговска Јакимовска. Судењето продолжува на 5 ноември 2025 година.